Недолго откака вчера беше официјално преставен, OnePlus 8T се најде на тестот на издржливост на популарниот YouTube канал JerryRigEverything. Вообичаено, телефонот беше подлегнат на тестови на гребење, палење на екранот и свиткување.

Кога е во прашање тестот на гребење, видливите траги почнуваат од шестото ниво на Мосовата скала, со подлабоки засеци на седмото ниво. Рабовите на телефонот се од метал, како и копчињата. Во текот на палењето на екранот, пламенот уништи некои пиксели за околу триесетина секунди.

На крајот, тестот на свиткување покажа дека OnePlus 8T е отпорем. И покрај некои помали свиткувања на рамките и одвојувањето на задниот панел, телефонот не се скрши под притисок на рацете.