Vivo тивко претстави нов достапен телефон, под името Vivo Y21s. Смартфонот пристигна на индонезискиот пазар со подобрени спецификации во споредба со моделот Vivo Y21 кој минатиот месе беше претставен во Индија.
Vivo Y21s има 6,51-инчен IPS LCD екран, со HD+ резолуција, 60Hz стапка на освежување и селфи камера од 8MP сместена во засек. На задната страна е сместен систем со три камери, кој се состои од 50MP главна, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Телефонот го покренува MediaTek Helio G80 чипсет, со 4GB RAM и 128GB простор за складирање што може да се прошири преку слот за microSD картичка. Уредот ќе го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 18W полнење.
Покрај наведеното, Vivo Y21s има и сензор за отпечатоци од страна на рамката, 3.5 приклучок за слушалки и се испорачува со FuntouchOS 11.1, заснован на Android 11 од самиот старт. Уредот е достапен во Pearl White и Midnight Blue опции на бои.