Сајтот 91Mobiles дојде до најнови фотографии од претстојниот Samsung Galaxy Watch 4 паметниот часовник. Рендерите делуваат како да се официјални, а го прикажуваат паметниот часовник од сите агли.

Покрај дизајнот, фотографиите откриваат и повеќе спецификации за Watch4. Задната страна на часовникот покажува текст кој открива големини од 40 и 44 мм. Покрај тоа, тука се и функциите за 5ATM водоотпорност, MIL-STD 810G издржливост, GPS и Gorilla Glass DX+ заштита.


Рендерите го покажуваат паметниот часовник во различни бои, а дизајнот е поинаков од оној на Watch3 моделот, кој имаше ротирачка рамка и беше понепријатен. Watch4 е поскладен и има позакривени линии.

watch2_28.jpg

Единствено што сега ни преостанува да дознаеме, кога е дизајнот во прашање е да видиме како ќе изгледа новиот обединет Wear OS. Се очекува дека Galaxy Watch4 ќе биде објавен на почетокот на август.