Виџетот наречен News and Interests ќе им биде достапен на корисниците на Windows верзијата 1909 или понова

На официјалниот YouTube канал на Windows, се појави видео во кое Microsoft претставува голема промена. Станува збор за можноста да се додаде виџет на лентата за задачи (taskbar) која содржи вести, временска прогноза и други податоци како што се акции или спортски резултати.

За прикажување на вести и содржини компанијата ќе го користи сервисот Microsoft News, кој црпи информации од повеќе од 4.500 извори. Покрај тоа, Microsoft со помош на вештачка интелигенција (AI) ќе открие кои вести, според интересот на корисникот, би биле идеални за прикажување.

 

Новиот виџет автоматски ќе им се појави на корисниците кои се одлучиле за преглед на кумулативното ажурирање на Windows 10 овој месец, а проширувањето на достапноста се очекува во следните неколку недели, кога пристигнува мајскто сигурносно ажурирање на Windows.

Microsoft го тестираше овој виџет уште на почетокот на годината, но се чини дека ќе пристигне пред 21H1, големата полугодишна надградба на Windows. Microsoft полека го освежува изгледот на својот оперативен систем, па така минатиот месец, во рамките на пробната верзија на Windowsa 10, беше претставен новиот визуелен идентитен на иконите во рамките на File Explorer. Целосната промена на визуелниот идентитет со кодно име „Sun Valley“, се очекува во текот на следните неколку месеци.