Врвен аудио квалитет комбиниран со модерна, елегантна дизајнерска естетика – тоа е новиот безжичен звучник PDS50 дизајниран од Porsche Design

Создаден од еден алуминиумски блок, овој звучник поседува степенеста конструкција со три-инчна мембрана на нискотонецот и еден инчен сателит задолжен за енергетско емитување на аудио сигналот, со бас-фреквенција засилена со вдлабнат рефлексен отвор лоциран од долната страна.

Овој долен дел ја удвојува својата функција како безжична Qi подлога за полнење опремена со дополнителна USB-C порта за подобрена функционалност, додека вкупниот IPX4 рејтинг го одржува овој уред отпорен на вода, што го прави идеален за надворешна употреба.

Со литиум-јонска батерија на полнење, овој безжичен уред ви овозможува да емитувате содржина околу дваесет часа, а целосно се полни во време од пет часа.

За сите заинтересирани, новиот безжичен звучник PDS50 од Porsche Desing е достапен преку нивната официјална веб-страница по цена од 336,26 евра.