По претходното ажурирање на Windows 10, дел од корисниците имаа проблеми со падови на системот и „синиот екран на смртта“, кога се обидуваа да отпечатат нешто со помош на печатач. Проблемот беше лимитиран на одредени печатачи и апликации, но сега е надминат преку ново ажурирање кое го објави Microsoft.

Проблеми со рушење на системот по употребата на печатачи има корисниците на Windows 10 верзиите 20H2, 2004, 1909 и 1803/1809, а новото ажурирање со build ознака 18363.144118363.1441 го решава проблемот.

Компанијата не посочи кои печатачи и апликации биле засегнати од овој проблем. Microsoft им препорачува на корисниците да го инсталираат и најновиот SSU (servicing stack update) пред инсталирањето на новиот апдејт.

Ова може да се направи со одење во Settings > Update & Security > Windows Update. Во Optional updates секцијата, се наоѓа опција за преземање и инсталирање на ажурирањето, кое го решава проблемот што го имаат некои печатачи.