Apple во текот на 2021. година ќе се врати на својот редовен план и распоред на објава со iPhone 13 линијата, наведува познатиот аналитичар Минг-Чи Куо.

Тоа значи дека објавата на iPhone 13 линијата во целост може да се очекува до крајот на септември следната година. Во текот на оваа година, поради проблемите што ги предизвика пандемијата на Ковид-19, Apple ја одложи објавата на новите iPhone модели. Па така, iPhone 12 и 12 Pro пристигнаа во октомври, додека iPhone 12 mini и 12 Pro Max во продажба се најдоа од ноември.

Куо ги отфрли наводите за евентуалното бавно производство на A15 чипови од компанијата TSMC и очекува дека овој производител своите капацитети ќе ги насочи кон креирање на A15 чиповите.

Годинашната iPhone линија, според наводите, остварува добри резултати на пазарот. Исто така, iPhone 12 Pro и Pro Max се продаваат подобро отколку што се очекуваше.