Уште на влезот се чувствува чудна енергија која не доаѓа од овој свет…
Таинственото место кое се наоѓа во близина на Атина речиси никој не го посетува. Причината за тоа се бројните суеверија кои доаѓаат да ги истражат само љубителите на паранормалното.
Пештерата Давелис се наоѓа на југозападната страна на планината Пентели, од каде порано се носел материјал за изградба на Партенон.
Пештерата е наречена по разбојник од 19 век по име Давелис. Тој и неговата банда го користеле ова место како скривница, а според легендата, постоел лавиринт од тунели кои воделе кон куќата на војвотката која му била љубовница. На влезот во пештерата, во карпата се наоѓа црква од 12 век.
Малку подлабоко во пештерата се чествувал богот Пан, а остатоците кои го потврдуваат тоа можат да се видат во Археолошкиот музеј во Атина. На еден од ѕидовите можат да се видат релјефи од поранешни патници, вклучувајќи и неколку англиски писатели од 19-от и почетокот на 20-от век.
Постојат записи дека грчката војска токму на ова место изведувала доверливи операции, поради што пештерата била затворена за јавноста. Таа се поврзувала и со нуклеарно оружје, експерименти во текот на Студената војна и бројни теории на заговор.
Статусот на место со паранормални активности го добила поради различните сведоштва на посетителите. Тие наводно виделе вода која капела од тлото кон врвот на пештерата, суштества кои личат на мачки што одат исправено, а со електронските уреди се случува нешто чудно – тие се исклучуваат и се расипуваат кога сте во пештерата.
Димитриос Макридопулос отсекогаш бил фасциниран од необичните појави. Со постојаното читање на книги за окултните феномени од детството до зрелоста, Димитриос станал љубопитен за планината Пентели која е во облик на пирамида.
Без оглед на тоа што е вистина, студијата која ја спровел Јоргос Д. Пападеас од Грчкиот институт за геологија и истражување на минерали во 2002 година, покажала дека има нешто необично во пештерата. Научниците пронашле плоча збогатена со графит помеѓу слоевите мермер, што ја прави планината добар спроводник на електромагнетни бранови.
Освен тоа, мермерот од оваа планина поседува одредени научни својства кои го доведуваат до добивање електричен полнеж во услови на висок притисок, со што можат да се објаснат бизарните електромагнетни појави, но и здравствените како вртоглавица и дезориентираност.
На тој начин, Димитриос Папаниколау, професор по геологија на Универзитетот во Атина кој ја проучувал Пентели уште од 1973 година, вели дека на планината не се случува ништо паранормално туку дека науката објаснува сè.