Зошто едни луѓе работат додека други максимално ги одбегнуваат сите обврски? Зошто вистинските прилики им се случуваат само на поединци, додека други мака мачат за да се вклопат…

Нашиот мозок го контролираат хормони. Односно, мозокот донесува или не донесува одлуки благодарение на поединечни хормони. Овие хормони имаат многу различни ефекти врз нашето однесување и носење одлуки.

Кои хормони влијаат на нас и колку долго живеат во нашиот мозок?

  • – допамин
  • – окситоцин
  • – серотонин
  • – ендорфин
  • – кортизол

Во внатрешноста на мозкот всушност постојат 3 мозоци:

човечки мозок: постојано премислување, комбинирање

мозок на цицачи: чувства, добри и лоши

мозок на влекачи, најстариот мозок: инстинкт за преживување

На пример:

– Змиите не мислат, тие само реагираат, се движат, се размножуваат и речиси не чувствуваат болка.

– Кучињата чувствуваат желба, знаат да сакаат и како да сакаат, чувствуваат болка, разочарување.

– Луѓето имаат логика, можат да пресметуваат и читаат, зборуваат и одржуваат рамнотежа, мислат итн.

95% од сите одлуки се случуваат во „мозокот на влекачите” односно во лумбалниот мозок.

На луѓето им се обраќаме со својот „човечки мозок” кој нè спречува да се промениме, односно, тој мисли дека нè штити така што ништо не менуваме, па колку повеќе имате ваков мозок, толку повеќе имате искуство и тоа е полошо за вас. Паметните луѓе знаат како да се одбранат од сè, па и од животот.

Кои настани или ситуации активираат одредени хормони?

Причини за лачење на допамин – ситуации во кои се чувствуваме пријатно, но и очекување на некој позитивен настан. Во нашиот мозок има дејство на траење од околу 2 минути.

Причини за лачење на окситоцин – чувство на сигурност, зедништво, љубов, породување… трае 6 минути во нашиот мозок, а потоа мора да повторите сè отпочеток, односно да се потсетите. Пример за ова се пушачите кои не се навлечени на никотинот туку на окситоцинот. Односно, не се зависни од никотинот, туку од социјалното опкружување на пушачи, разговорот, паузите…

Причини за лачење на серотонин – супериорност, подобрување на статусот, победа, препознавање и признание. Цели 24 часа живее во вашиот мозок!

Ендорфинот го активира сознанието дека сте живи и дека постоите, задоволството од тоа што сте тука и сега присутни трае околу 4 часа.

Причини за лачење на кортизол – одвојување од родителите, неверство или развод, загуба на работа – отказ, социјална изолација и тишина, чувство на страв и несигурност, губиток, штета…

Како делува кортизолот врз нас?

Благодарение на кортизолот (кој некои го нарекуваат и „отров“), ние како луѓе сме опстојале: „не оди таму, ќе те касне куче” или “Не влегувај таму, ќе паднеш во дупка“, “Не трчај толку брзо” итн… Благодарение на кортизолот сме преживеале како вид. Мозокот е зависен од кортизол и истиот му е неопходен.

Кортизолот живее во нас 3 години и го чува нашиот мозок. Благодарение на овој хормон кој е во нашиот мозок ние не си веруваме себеси. Тој нè учи дека не можеме да си веруваме до толку, бидејќи сме паднале, сме добиле отказ, не сме успеале да се запишеме на факултет…

Мозокот учи и добро и лошо. Некои научуваат дека не можат, а други научуваат да одат, да станат, да работат…

Ако секој ден на телевизија гледате само лоши вести, мозокот ве учи дека сте беспомошни. Но, сепак, возможно е да се натера мозокот да размислува и поинаку, а тоа можете да го постигнете така што ќе направите повеќе одлуки, ќе работите повеќе и ќе се наградувате себеси.

Доколку сакате нешто да промените во својот живот, измамете го својот мозок. Исклучете го оној “човечки мозок” и размислувајте со оној на влекачите.

Ова е важно од само една причина: На овој начин вие можете да го промените својот живот, само морате да го „измамите“ вашиот мозок!

Извор: Kurir.rs