Телескопот Gemini North, кој е дел од опсерваторијата Gemini, сними две испреплетени галаксии кои би можеле да се спојат во една за неколку милиони години, што на некој начин ја покажува судбината на „нашиот“ Млечен Пат.

Телескоп лоциран на Хаваи забележал спирални галаксии во интеракција на околу 60 милиони светлосни години од нас.

„Галаксискиот пар NGC 4567 и NGC 45689, познати и како галаксии на пеперутки, штотуку почнаа да се судираат додека гравитацијата ги повлекува заедно“, велат научниците.

Според она што е познато, галаксиите треба да го завршат своето спојување за 500 милиони години и да формираат една елиптична галаксија.

„Во оваа рана фаза, двата галактички центри се оддалечени 20.000 светлосни години и секоја галаксија сè уште има свој облик на движење. Како што се приближуваат галаксиите, гравитационите сили ќе доведат до бројни настани и интензивно формирање на ѕвезди. Оригиналните структури на галаксиите ќе се менуваат и искривуваат“, пишува CNN.

Слично галактичко спојување би требало да се случи кога станува збор за Млечниот пат, кој треба да се судри со галаксијата Андромеда, нашиот најголем и најблизок галактички сосед.

„Астрономите во НАСА го користеа телескопот Hubble за да предвидат кога би можел да се случи судирот. Се проценува дека настанот би можел да се случи за околу 4 до 5 милијарди години“, се објаснува.