Основачот и поранешен извршен директор на Twitter лансираше нова социјална мрежа.
Џек Дорси на обожавателите на социјалните мрежи им е познат како човекот кој го основал Твитер, а воедно бил и извршен директор на оваа платформа.
Неговиот последен проект е свежата социјална мрежа наречена Bluesky. Целта на оваа мрежа е да им овозможи на корисниците да изградат заедничка и отворена платформа за социјални медиуми.
Во моментов, апликацијата работи на систем за покани и е во бета-тестирање. Покрај тоа, таа е присутна во продавницата за апликации на Apple.
What we’ve been up to latelyhttps://t.co/gLNJk8zKpj
— bluesky (@bluesky) March 3, 2023
Bluesky ги направи своите први чекори во 2019 година, кога беше замислен како децентрализирана социјална мрежа и проширување на Twitter, но подоцна беше одлучено да биде независен сервис.
Bluesky има кориснички интерфејс сличен на Twitter, со опција за додавање 256 знаци како и фотографии.