Науката можеби конечно откри зошто жените се поотпорни на Ковид-19, а најновиот доказ кој нуди одговор го откри научник од Универзитетот Илиноис во САД.

Грацијано Пина изнесе докази кои сугерираат дека женските репродуктивни хормони можеби играат улога во поголемата отпорност на новиот корона вирус. Своите докази Пина ги напиша во напис кој неодамна беше објавен во списанието Trends in Endocrinology & Metabolism.

Податоците поврзани за пандемијата покажале дека тежината на симптомите на корона вирусот и смртноста се поголеми кај мажите отколку кај жените. Новиот извештај, пак, покажува дека женските репродуктивни хормони имаат заштита улога.

Пина опишa некои од ефектите на хороните естроген и прогестерон кои можат да спречат развој на потешки симптоми и ризик од смртност од КОВИД-19. Toj нуди и примери како тие хормони имаат антивоспалително дејство, ја менуваат компетенцијата на имунолошките клетки и стимулираат поголемо ниво на антитела против вирусот.

Тој повикува да се спроведат клинички тестирања за да се истражи дали хормоните може да бидат од корист за мажите и жените во постменопаузата.

Хормоните посредуваат во реакциите на запаленија

Естрогенот, прогестеронот и прогестеронскиот метаболит алопрегналон заедно играат клучни улоги во посредување при воспалителни процеси. На пример, прогестеронот стимулира активација и диференцијација на Т-станиците и ја модулира сигнализацијата на рецепторите на Т-станиците. Исто така, ја потиснува клеточната цитотоксичност.

Прогестеронот се врзува и за низа други имунолошки клетки, вклучувајќи ги и природните клетки убијци, макрофагите и на дентриските клетки. Зе врзува и за неимунолошки клетки, вклучувајќи ги епителните и ендотелијалните клетки, кои се наоѓаат во дишните патишта, каде што ги модулира клетичните сигнали и активности на начин кој ја ублажува инфекцијата.

Естрогените исто така се моќни регулатори во процесот на имунолошкиот систем затоа што имаат антивоспалителни и неврозаштитни ефекти.

Извор: Zimo.hr