Неговата способност за лов стартуваше своевидна „трка на вооружување“ во животинскиот свет.

Радиодонти, бизарно суштества со кружна уста, полни остри заби, живееле во океаните пред 500 милиони години.

Новото откритие укажува дека нивната способност за лов, особено во услови на слаба видливост, покренало „трка на вооружување“ во животинскиот свет.

Жртвите на овие предатори од периодот Палеозоик немале многу избор, освен да се адаптираат – или пак да умрат.

Д-р Џон Патерсон и неговиот тим истражувачи од Универзитетот Нова Англија откриваат дека радиодонтите имале специфични очи. Еден од пронајдените примероци поседувал 28.000 леќи.

„Не само што имале остар вид, туку функционирале на различни нивоа на светлината во океаните“, вели д-р Патерсон.

Тој додава дека предаторите ловеле на длабочина до 1.000 метри, каде речиси немало сончева светлина, пренесува Daily Mail.

Со такви способности, нивниот плен бил приморан да се развива, особено кога станува збор за долгорочно опстанување.

„Во спротивно, им се заканувало изумирање“, истакнува истражувач од Австралија.

Ваков однос на силата во најраниот период на долга геолошка ера во развојот на Земјата, најверојатно условувал различен животински свет каков што денеска познаваме, сметаат научниците.

Извор: Objektiv.rs