Пиратските игри содржат вирус што хакерите го користат за рударење криптовалути

пред 3 години

Пиратирањето, поточно симнувањето игри за компјутер сега може да стане туѓа алатка за рударење криптовалути.

Како што објави BBC, „бесплатните“ верзии на видеоигри како што се „GTA 5“, „NBA 2К-19“ и „PES 2018“ не се обични пиратски верзии на игрите, туку содржат вирус наречен „Креконош“, што го користи хардверот на други лица за рударење криптовалути и за заработка.

На пример, кога се презема пиратската „GTA 5“, компјутерот почнува да работи со поголем интензитет, забавува и троши повеќе енергија. „Креконош“, исто така, ги исклучува сите безбедносни програми на туѓиот компјутер, така што тој е изложен и на други вируси и малициозен софтвер.

Компанијата за интернет-безбедност, Avast наведува дека пиратските верзии на игрите се најчестиот начин на ширење на „Краконош“ и се бележат 800 напади дневно. Според статистиката, хакерите досега „ископале“ криптовалути во вредност од два милиони американски долари преку пиратски игри и туѓ хардвер.

Share
Scroll to Top