Компанијата BtoBet, еден од светските лидери и провајдери на технологии за казино и спортско обложување, кој е дел од Aspire Global, објави дека неговата платформа добила целосен сертификат за употреба на нивниот софтвер во Велика Британија.

BtoBet сега е во позиција да им ја понуди својата најсовремена технологија во секторот на спортско обложување на операторите на овој пазар. Британските оператори ќе можат да ја искористат реномираната технологија и функции на BtoBet за да им овозможат на играчите осмислено и прилагодливо искуство на обложување, кое произлегува од вештината на основната технологија на платформата за искористување на податоците од постапките на индивидуалните играчи.

Директорот на BtoBet, Зоран Спасов, изјави: „Воодушевени сме што добивме сертификат во Велика Британија и сега сме во можност да почнеме таму со работа. Нашата цел е да ставиме свој отпечаток на регулираните пазари, со посебен акцент на европскиот фронт, така што повеќе оператори на овие пазари ќе имаат можност на своите играчи да им го понудат нашето искуство на обложување“.

„Нашите врвни функции ќе им овозможат на операторите да им понудат целосно ново искуство на играчите. Сигурен сум дека нашата платформа ќе биде исполнета со долгорочен успех на пазарот. Велика Британија е исклучително конкурентно опкружување и подготвени сме да бидеме дел од него“.

Платформата на BtoBet е веќе усогласена со регулативите и легислативите на Колумбија, Аргентина, Мексико, Венецуела, Јамајка, Нигерија, Кенија, Руанда, Мадагаскар, Сенегал, Гана, Конго Бразавил, Сиера Леоне, Замбија, Демократска Република Конго, Чад, Мозамбик, Танзанија, Гвинеја, Намибија, Ангола и Полска, а Велика Британија е најновиот додаток на листата.

BtoBet потпишa партнерство со Small Screen Casinos за повеќе пазари

Компанијата BtoBet потпиша стратешко партнерство со Small Screen Casinos. BtoBet ќе му ја пружи на операторот со седиште во Велика Британија својата најсовремена платформа за спортско обложување за онлајн каналите на Small Screen Casinos на повеќе пазари, во Велика Британија, Ирска и Гана.

Преку ова партнерство, BtoBet ја покажува својата способност да ја зацврсти својата позиција како водечки провајдер на платформи за обложување и игри во Jужна Америка и Африка, додека го проширува својот отпечаток низ глобалните регулирани пазари, посебно на европскиот пазар.

Тај Рата, соосновач на Small Screen Casino, рече: „BtoBet постигна рекорд во пружање флексибилни и скалабилни решенија за спортско обложување за различните побарувања на пазарот. Сигурен сум дека ова партнерство ќе овозможи интересни и пријатни искуства во спортското обложување за сите наши играчи на различните пазари на кои е присутен нашиот бренд“.

Тсачи Маимон, извршен директор на Aspire Global, изјави: „Се радуваме што преку спортската вертикала ќе помогнеме во исполнувањето на целите на Small Screen Casinos, да расте во различните надлежности. Технологијата за спортски обложувалници на BtoBet ќе биде клучна за Small Screen Casinos, бидејќи настојуваат да обезбедат оптимално искуство на обложување насочено кон играчите.

„Овој договор ја потенцира можноста на BtoBet да ја конфигурира својата технологија за да ги задоволи потребите на кој било оператор и регулираниот пазар”.