Три компании поднесоа жалба до Европската комисија против Microsoft, обвинувајќи го американскиот технолошки гигант за антиконкурентни практики во неговите cloud услуги.
Microsoft ја „поткопува фер конкуренцијата и го ограничува изборот на потрошувачите“ на пазарот на cloud сервиси, изјави една од трите, француската компанија OVHcloud. Компаниите се жалат дека според одредени клаузули во договорите за лиценцирање на Мајкрософт за услугите на Office 365, тарифите се повисоки кога софтверот не работи на cloud инфраструктурата Azure, која е во сопственост на американската групација.
Тие исто така велат дека корисничкото искуство е полошо и дека има некомпатибилност со одредени други производи на Microsoft кога тие не работат на Azure.
Мајкрософт рече дека „европските даватели на cloud услуги изградија успешни деловни модели на софтверот и услугите на Microsoft“ и дека имаат многу опции за тоа како да го користат тој софтвер.
„Постојано проценуваме како најдобро да ги поддржиме сите наши партнери и да го направиме софтверот на Microsoft достапен за сите клиенти во сите средини, вклучително и оние со други даватели на cloud услуги.