Xiaomi 12 серијата треба да пристигне пред крајот на годината, а доверлив кинески дојавувач ни даде повеќе информации за дизајнот на задната камера. Се тврди дека новата серија ќе донесе токму дизајн на камерата како на насловната фотографија и ќе пристигне со главна камера од 50 мегапиксели.

Гласините велат дека Xiaomi ќе го врати Full HD+ екранот во игра, што би било намалување во однос на 1440p панелот во Mi 11 серијата, но може да биде резервиран само за Xiaomi 12 стандардниот модел. Дизајнот исто така ќе остане непроменет во однос на претходниците – малку заоблени рабови и еден отвор за селфи камерата во горниот лев агол.

Дојавувачот истакна дека Xiaomi, иако ќе се држи до истото решение за брзо полнење, овој пат ќе овозможи 100W – нешто што веќе беше присутно кај серијата 11T. Оптичкиот скенер за отпечатоци под OLED екранот ќе биде подобрен, а колку што разбравме, ќе има и поголема работна површина.

Настанот на Qualcomm е за само една недела, а кога ќе биде познат чипсетот, Xiaomi ќе почне да открива повеќе детали за својата претстојна флегшип серија, пишува GSM Arena.