Google планира да ја подобри функционалноста на своето пребарување со додавање на „чет“ со вештачка интелигенција.

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, објави дека технолошкиот гигант планира да додаде функции за разговор базирани на вештачка интелигенција (AI) на својот пребарувач.

На овој начин, на корисниците ќе им се овозможат одговори на поширок опсег на прашања за пребарување.

Во интервју за WSJ, Пичаи ги отфрли наводите дека зголеменото влијание на ChatGPT и сличните чет-ботови го загрозуваат бизнисот на Google.

„Светот, полн со прилики и можности, е поголем од кога било“, вели Пичаи.

Тој објасни дека корисниците ќе можат да бараат различни работи од четботот на Google во контекст на пребарувањето.

Минатиот месец Google даде пристап до својот четбот Bard, по презентацијата што не ги импресионираше инвеститорите за време на нејзиното лансирање во февруари.