Google соопшти дека ја повлекува неодамнешната промена која го отстрани списокот со дозволи за апликации од Google Play Store за Android и во мобилната апликација и на веб.

„Приватноста и транспарентноста се основни вредности во заедницата на Android“, велат од тимот на Google за Android Developers. „Ги слушнавме вашите повратни информации дека ви е корисен делот „Дозволи за апликации“ на Google Play и решивме да го вратиме. Делот „Дозволи за апликации“ ќе се врати наскоро“.

Затоа, покрај новиот дел за безбедност на податоците што им нуди на корисниците поедноставено резиме за собирање и обработка на податоци и безбедносни практики на апликацијата, Google има намера да ги прикаже сите дозволи што и се потребни на апликацијата за да го направи својот „пристап до одредени ограничени податоци и дејства“, разбирлив.

За потсетување, Google неодамна го замени делот за дозволи за апликации со делот „Безбедност на податоците“ непосредно пред истекот на рокот (20 јули) што компанијата им даде на развивачите на апликации да обезбедат информации за тоа „како собираат и ракуваат со корисничките податоци за апликациите што ги објавуваат на Google Play”.

Сепак, многу популарни апликации сè уште немаат дел за безбедност на податоците.

Приговорот за овој нов систем е што тој целосно се потпира на претпоставката дека програмерите ќе дадат „целосни и точни декларации“, што значи дека оваа информација може да биде погрешна или целосно неточна.

Google, сепак, предупреди дека ќе преземе соодветни мерки во случаи кога има несовпаѓање помеѓу однесувањето на апликацијата и нејзиното декларирање.