Наскоро почнува Steam фестивалот, во рамките на кој ќе може да се испробаат голем број од претстојните видео-игри.

Steam Game Festival ќе трае од 3 до 9 февруари, а како и порано – сите заинтересирани ќе може да преземат повеќе од 500 демо видео-игри. Официјалната интернет-страница се наоѓа на овој ЛИНК, па таму можете да пронајдете се што ви е потребно.

Ќе има многу преноси во живо, gameplay и настани на кои ќе се претстават нови производи, а гејмерите ќе можат да прашаат сè што ги интересира.

Секако, поголем дел од насловите ќе бидат достапни само тогаш, а во план е и распродажба. Што се однесува на видео-игрите што може да учествуваат, компанијата Valve подготви неколку правила.

Извор: B92.net