Голем број апликации и веб-страници на компанијата Meta беа недостапни со часови или имаа проблеми со работата.

Instagram, Facebook, Threads и Messenger повторно се на интернет откако „технички проблеми“ предизвикаа паѓање на најголемите апликации на Meta.

Последното ажурирање на ситуацијата, објавено од Мета на платформата X, вели: „99% завршивме со решавање на проблемот – ги правиме финалните проверки“.

Компанијата сè уште не објави што е проблемот што предизвика пад на услугата, ниту кога може целосно да се реши. Сајтот DownDetector продолжува да бележи помал број на пријави за проблеми во работењето, но далеку од она што беше вчера во вечерните часови.

Вчера вечерта, DownDetector сними повеќе од 100.000 извештаи за проблеми со Facebook и десетици илјади извештаи за Instagram.

Корисниците пријавија проблеми на платформите X, Bluesky и Reddit, а по одреден период започна исмејувањето на сметка на Meta и Марк Цукерберг.

Претходниот пат Meta се соочи со големи проблеми во работењето на своите услуги во март 2024 година, кога корисниците не можеа да пристапат до апликациите и услугите на компанијата два часа.