Western Digital ги советува сопствениците на My Book екстерните дискови да ги исклучат од интернет што е можно поскоро поради ризик од загуба на податоци.
Производителот на популарните екстерни дискови ги советува сопствениците да ги исклучат од мрежа што е можно поскоро, поради проблеми што можат да доведат до губење на податоците. Инженерите на Western Digital ја испитуваат причината за овие проблеми кои беа регистрирани вчера.
Додека не се реши ситуацијата, препорачуваме да ги следите случувањата на темата на форумот за поддршка, каде што корисниците ги пријавуваат овие проблеми, со надеж дека погодените дискови не ги чуваат единствените копии на вашите податоци.
Извор: B92.net