Huawei на големо се подготвува за целосен премин од Google Services на поддршка за сопствениот Harmony OS.

Според наводите на Ванг Ченглу, претседателот на софтверското одделение во Huawei Consumer Business Group, платформата со отворен код на програмерите ќе им биде достапна околу 18. декември, додека првите демо примероци на уреди со Harmony OS ќе бидат достапни до јануари или февруари 2021. година.

Ванг истакнува дека сите вработени во Huawei вредно работат на креирање на новиот екосистем, заснован на Harmony идејата и дека засега се оди според планот. Кога првобитните резултати ќе стигнат во текот на првото тримесечје на 2021. година, се очекува јавната бета за Harmony OS да стане достапна околу април следната година.