Oppo минатата година го прикажа својот растеглив Oppo X 2021 телефон, но се работеше за концепт уред за кој потоа немаше никакви детали. Компанијата сега во подготовка има вистински флексибилен телефон, кој ќе се натпреварува со моделите како што се Huawei Mate X2 и Samsung Galaxy Z Fold3.

Дојавувачот Digital Chat Station ни нуди увид во некои детали за овој телефон, пред неговата објава. Според наводите, флексибилниот теелфон на компанијата Oppo ќе имплементира систем на свиткување на екранот кон внтаре, а внетрешниот дисплеј ќе има големина од 7,8 до 8 инчи.

Кога станува збор за технологијата, внатрешниот дисплеј ќе има OLED панел развиен од кинеската компанија BOE, и ќе нуди FHD+ резолуција на екранот и стапка на освежување од 120Hz.

За фотографирање ќе користи 32MP предна камера (кога е отворена) за селфи и видео повици, како и 50MP Sony IMX766 главна камера.