Xiaomi Mi 11 е првиот телефон претставен со најновиот премиум чипсет на компанијата Qualcomm – Snapdragon 888. Дојавувачот Digital Chat Station сега известува дека на пат се уште четири смартфони со споменатиот чипсет.

Првиот меѓу нив е iQOO 7м, кој ќе биде официјализиран на 7. јануари. По него се очекува моделот Vivo X60 Pro+. Сите овие уреди најпрвин ќе бидат достапни на кинескиот пазар, од јануари.

По споменатите модели следува Realme Koi (кодно име Race), за кој претставниците на компанијата го потврдија Snapdragon 888, но датумот на објавување на овој телефон не е познат. Дојавувачот Digital Chat Station го додава и Redmi K11 (со кодно име Haydn) на листата, што може да биде Redmi K40 Pro и треба да биде најдостапниот телефон со Snapdragon 888.

Секако, на оваа листа треба да се додадат и смартфоните од Samsung Galaxy S21 серијата, кои ќе бидат објавени на 14. јануари за време на Unpacked настанот на јужнокорејската компанија. Galaxy S21 моделите со  Snapdragon 888 чип ќе бидат ексклузивни за пазарот во САД и Кина.

Владеењето на Snapdragon 888 нема да биде предолго, бидејќи Digital Chat Station  сугерира дека верзијата Snapdragon 888+ исто така се очекува во текот на втората половина на 2021. година. Чипсетот ќе има поголема фреквенција на јадрото, што во моментов е на 2,84 GHz за јадрото Cortex-X1 Super, а на чипот Snapdragon 888+ може да достигне и до 3,1 GHz.