Пациентите кои што имаат зголемен ризик од развој на потежок облик на коронавирусот, отсега би можеле да примаат навремена терапија благодарение на новата метода која што ја развиле швајцарските научници така што го проучувале однесувањето на природните Т клетки кај заразените луѓе.

Откривањето и лечењето на опасниот облик од болеста Ковид-19 пред да се појават акутните симптоми, од почеток на пандемијата сè досега претставуваше предизвик за докторите.

Но, тим научници од Универзитетот во Цирих можеби пронашол решение за тој проблем, објавиле од Универзитетот.

Швајцарските научници во соработка со германските и француски колеги откриле специфичен „биомаркер“ кој што овозможува предвидување на развојот на тежок облик на Ковид-19 во рана фаза од заразата со коронавирусот.

Клучниот елемент во нивното истражување биле природните Т клетки пронајдени во крвта на пациентите.

Станува збор за бели крвни зрнца кои што се дел од реакцијата на имунитетот. Според швајцарските научници, промената на нивната боја во крвта може да биде ран показател дека на пациентот му се заканува опасен и потежок облик од болеста Ковид-19.

„Бројот на природните Т клетки во крвта може да се искористи за предвидување на потежок облик на Ковид-19 со голем степен на сигурност, па дури и во текот на првиот ден од хоспитализацијата на пациентот“, нагласува Буркхард Бешер, водач на истражувањето.

Раната дијагностика базирана на овој нов метод може да им овозможи на лекарите да развијат оптимална терапија за пациентите, вклучувајќи и почесто мерење на нивото на кислород и дали пациентот веднаш треба да се смести на одделот за интензивна нега.

„Предвидливите „биомаркери“ се многу корисни за носењето на таквите одлуки. Тие им помагаат на докторите пациентите кои што имаат тешки симптоми на болеста да добијат подобра и посоодветна нега. Нашето откритие исто така овозможува истражување и на нови терапии против Ковид-19“, вели Стефани Креутмаир, коавторка на истражувањето.

Швајцарските научници исто така пронашле начин како да се разликува акутното воспаление на белите дробови предизвикано од Ковид-19 со другите видови на воспаленија на белите дробови.

Тимот анализирал примероци од крв на пациенти со тешко воспаление на белите дробови кое што било предизвикано од други патогени, па потоа ги споредиле реакциите на имунитетот.

„Кога станува збор за Ковид-19, Т клетките и природните „клетки убијци“ покажуваат единствено однесување кое се препишува и кое е специфично само за таа болест“, вели Бешер.

Извор: Zimo.hr