Кога човек работи од дома, сериозно го ослабнува својот имунолошки систем, рекол лекарот и популарен ТВ водител Александар Мјасников.
Според неговите зборови, работата од далечина подразбира придржување кон домашен режим со сите последици кои произлегуваат од тоа – физичка неактивност, неконтролирана исхрана, како и стрес, бидејќи лицето е постојано во кругот на семејството или истите луѓе, пренесува Live24.
Овие фактори, според Мјасников, му штетат на имунолошкиот систем. Кога лицето на крајот излегува надвор, посебно по студено време, полесно може да “собере” вирус.
За да се заштитите од ефектот на работа од дома и да ја подобрите одбраната на организмот, лекарот препорачува секојдневно да се занимавате со спорт и да го ограничите консумирањето на калории.