Компанијата-производител на вакцини, Moderna Inc ја уверила болницата дека примање на вакцина во било која доза отстранета од фрижидерот, не претставува безбедносно прашање.

Болнички фармацевт од Висконсин бил уапсен поради сомнение дека саботирал повеќе од 500 дози вакцина против коронавирус, намерно вадејќи ги од фрижидер за да се расипат, соопштила полицијата и медицинските власти.

Фармацевтот вработен во Медицинскиот центар Аурора во Графтон, во државата Висконсон, намерно извадил 57 кутии со вакцини, а после тоа бил отпуштен.

Службениците не сакале да го наведат неговиот идентитет.

Секоја кутија содржи по 10 дози. Речиси 60 дози кои биле предмет на саботажа им биле вбризгани на пациентите пред да биде утврдено дека биле извадени од фрижидер доволно долго за да станат неефикасни. Повеќе од 500 дози после тоа биле фрлени. Полицијата во Графтон во изјава за новинарите соопштила дека фармацевтот “знаел дека расипаната вакцина ќе биде бескорисна и дека луѓето кои ја примиле ќе помислат дека се вакцинирани против вирусот, а всушност не се”.

Фармацевтот бил уапсен во четвртокот и ќе биде обвинет за загрозување на безбедноста, фалсификување на лекови кои се издаваат на рецепт и уништување на посед, соопштила полицијата.