Скелет на тираносаурус (Tyrannosaurus rex), наречен Trinity, стар меѓу 65 и 67 милиони години и составен од коски на три различни Т-Рекс-а, е продаден пред два дена на аукција во Цирих за околу 5,6 милиони евра.
Уникатниот скелет на Т-Рекс беше испорачан во Европа од САД во девет огромни гајби.
Беше понуден на продажба од приватно лице, анонимен американски државјанин, а се очекуваше да достигне цена од пет до осум милиони евра.
Аукционерот Сирил Колер откри дека ова е само трет пат во светот цел скелет на T-Rex со исклучителен квалитет да се најде на аукција и прв таков скелет да биде продаден во Европа.
„Беше прекрасна аукција затоа што прво го изложивме скелетот наречен Trinity две и пол недели во концертна сала во Цирих. Го погледнаа повеќе од 30.000 посетители, меѓу кои и многу деца“, изјави тој за AFP.
Колер рече дека се надева оти скелетот, иако е продаден на приватен купувач, сепак ќе остане јавно изложен за да можат да го видат што е можно повеќе заинтересирани.
„100 проценти сум сигурен дека ќе можеме повторно да го видиме скелетот на Trinity некаде во иднина“, рече тој.