Бактериите користат разни трикови за да преживеат во свет полн со разни антибиотици. Некои земаат нов генетски материјал од други бактерии и со тоа добиваат имунитет, а некои мутираат во сè поотпорни верзии.
Научниците знаеја за овие стратегии подолго време, а сега забележаа уште една – менување на обликот.
„Откривме дека бактеријата Caulobacter crescentus може да ја обнови стапката на раст и да претрпи драматична промена на нејзината форма. Кога го отстранивме антибиотикот, клетките, по неколку генерации, се вратија во првобитната форма“, велат истражувачите.
На серијата фотографии (на сликата подолу) можеме да видиме како изгледале бактериите пред и по изложувањето на антибиотикот.
Caulobacter crecentus a freshwater bacteria seen changing shape to avoid antibiotics. pic.twitter.com/PfRkEWZwL4
— Tanvi Aklekar (@northnlightz) February 2, 2021
Во 2019 година, експертите забележаа слична стратегија на бактерии во која тие го сменија обликот во нешто што личи на дамка за да го избегнат антибиотикот. Во овој случај, тие го исфрлаа клеточниот ѕид за да можат на тој начин да отскокнат што е можно подалеку од антибиотикот.
Сега научниците забележале сличен потег каде клеточниот ѕид останал недопрен, но бактериите ја смениле својата форма и се претвориле во форма на буквата С за да не бидат „фатени“ од антибиотикот.
Експертите од универзитетите Карнеги Мелон, Колеџ Лондон и Чикаго ја собраа бактеријата Caulobacter crescentus, која најчесто се наоѓа во слатководните езера и потоци, и додадоа мала количина антибиотици со широк спектар на делување.
Количината на антибиотици не беше доволна за да се убијат повеќето бактерии, но го забави нивниот раст. По приближно 10 генерации на мала изложеност на антибиотици, C. crescentus започна физички да се шири и да се свиткува во форма на латиничната буква C. Ова беше доволно за да се опорави стапката на нивниот раст.
Кога научниците го отстраниле антибиотикот, бактеријата се вратила во првобитната долгнавеста форма по неколку генерации, пишува Science Alert.
Експертите веруваат дека со зголемување на волуменот на клетката, бактериите ја разредувале количината на антибиотици во себе, а со промена на обликот, го намалила односот на површината и волуменот, пропуштајќи помалку антибиотици низ површината на клетката.
„Овие резултати покажуваат нов механички начин на прилагодување што бактериите можат да го користат за да го потиснат дејството на антибиотиците“, пишуваат научниците.
Со оглед на зголемената отпорност на антибиотици и појавата на супербактерии кај многу видови, од луѓе до делфини, важно е да се разбере како бактериите можат да развијат отпорност на лекови.
Студијата Mechanical feedback promotes bacterial adaptation to antibiotics е објавена во списанието Nature Physics.
Извор: Index.hr