Samsung се подготвува за јануарска објава на својата Galaxy S21 линија паметни телефони. Сега се појави видео кое прикажува функционален Galaxy S21+ модел, кој е спореден со iPhone 12 Pro на Apple.

Видеото го покажува новиот дизајнот на системот на камери на задната страна, како и екран што речиси нема рамки. Секако, во зависност од тоа од која страна се набљудува и кој ги гледа телефоните, Galaxy S21+ може да изгледа подобро или полошо од iPhone 12 Pro моделот.

Највидливата разлика, барем кога е во прашање овој функционален прототип е материјалот што е искористен за задната страна на Galaxy S21+. Делува како да е во прашање пластика, во споредба со попремиум стаклениот дизајн на iPhone. Секако, се уште е рано да се донесуваат заклучоци, а посебно врз основа на споредба на прототип и вистински модел на телефон.

Од друга страна, дисплејот на Galaxy S21+ моделот изгледа одлично, со речиси непостоечки рамки, така што се очекува оваа карактеристика да боде задржана и во конечната верзија на смартфонот.