Соборен е рекордот за најплатена видео-игра во историјата – еден купувач беше подгптвен да издвои 156.000 долари, и тоа за Super Mario Bros. 3.

Оваа видео-игра чинеше толку бидејќи никогаш не била отворена, односно никогаш не била извадена од оригиналното пакување.

Исто така, во прашање е примерок од првата серија, па и изгледа поинаку од сите останати кои подоцна се создадени, пренесува IGN.

Сајтот Heritage Auctions претходно продаде уште еден еден примерок од оваа видео-игра, и тоа за 38.400 долари, а претходниот рекорд за најскапа видео-игра изнесуваше 114.000 долари.