Вселенскиот телескоп Hubble сè уште има шанса да преживее откако американската вселенска агенција NASA спроведе анализа во која се проценуваат потенцијалните фактори и ризици од префрлување на помошниот хардвер, што може да се случи оваа недела.

Ако сè се одвива според планот, НASA се надева дека ќе го спаси „животот“ на вселенскиот телескоп Hubble. Експертите сè уште се обидуваат да ја утврдат причината за проблемот кој предизвика исклучување на компјутерот. Можно е да станува збор за деградација на меморискиот модул и ова е последниот проблем во низата големи и мали потешкотии на телескопот лансиран во 1990 година.

Експертите на NASA во центарот за вселенски летови „Годард“ во Мериленд се обидоа да го рестартираат компјутерот, но тој повторно се исклучи и остана во таа состојба и покрај новите обиди за стартување. Една од опциите за обид да се оживее Hubble е да се префрли на резервниот компјутер, така што НАСА кон крајот на јуни и почетокот на јули изврши подготовки и направи тест процедури, а беа преземени неопходните чекори за активирање на помошниот хардвер на вселенскиот телескоп. Сега NASA е подготвена да го префрли Hubble на резервниот компјутер, кој доколку се „оживее“, треба да работи уште неколку години. Нов вселенски телескоп наречен James Webb треба да биде лансиран оваа година после неколкугодишно одложување.

Сепак, James Webb има неколку недостатоци во споредба со неговиот претходник. Ќе биде стациониран многу подалеку од Земјата, па доколку NASA треба да го поправи, ќе мора да инвестира повеќе ресурси и логистика отколку кога би бил во пониската орбита на Земјата. Покрај тоа, нема УВ можности, поради што NASA ги повикува астрономите да спроведат што повеќе истражување засновани на УВ светлина.

Доколку повторно се активира, Hubble ќе остане во функција уште неколку години, а ако обидите за реанимација не успеат, NASA може да го премести во позиција за евентуален влез и согорување во атмосферата на Земјата. Но, ако преживее, Hubble треба да послужи за уште неколку важни истражувања. Исто така, може да се пресели во повисоката орбита и да остане како потсетник на револуционерната астрономија.

Извор: Klix.ba