Сеавус Акцелераторот и Бизнис Импакт Лаб, со стратешките партнери УНДП и ФИТР отворија повик за најголемата глобална програма Accelerate2030.
Оваа година за прв пат македонските претприемачи кои преку своето работење креираат импакт во заедницата, решавајќи важни социјални, еколошки или други предизвици поврзани со Целите на одржливиот развој на Обединетите нации, имаат можност да бидат дел од Accelerate2030!
Повикот за оваа програма за е отворен до 20ти јуни.
Accelerate2030 е најголемата глобална програма за поддршка на претприемачи од земји во развој кои креираат решенија поврзани со остварување на Целите за одржлив развој. Оваа програма обединува импакт стартапи, корпорации, агенции на Обединетите Нации, финансиски институции, меѓународни развојни организации и други партнери за да се поврземе и да соработуваме за скалирање на најдобрите иновации низ целиот свет.
Зошто да аплицирате?
Преку оваа уникатна програмата која е организирана во национална и глобална фаза, Ви овозможува да креирате и спроведете стратегија за подобрување и скалирање на вашиот бизнис, да се подготвите за инвестиции и да зголемите Вашето влијание (импакт) генерално, но и во рамки на Целите за одржлив развој. А2030 е програма заснована на Вашите специфични потреби и Ве поврзува со стручни консултанти, ментори и клучни партнери за да ја добиете поддршката која вам Ви е потребна.
Стартапите кои ќе влезат во националната фаза ќе бидат дел од:
- групни сесии со интернационални ментори на кои ќе се обработуваат теми како пристап до финансии, пристап до инвеститори, маркетинг, продажба, бизнис развој, скалирање на бизнис итн.
- идивидуални сесии на кои ќе се работи на предизвиците кои ги има секој тим,
- глобални сесии со претприемачи од целиот свет,
- онлајн предавања со глобални експерти,
- сесии со тимот на Accelerate2030 преку кои ќе се направи индивидуална дијагностика и помош во надминување на предизвиците со кои се соочуваат,
- можност за влез во глобалната програма на Accelerate2030
Најдобрите претприемачи од националната фаза ќе бидат номинирани за влез во глобалната фаза која е под водство на Impact Hub Geneva и започнува со Global Scaling Week (Глобалната недела за скалирање) во Женева, Швајцарија во ноември 2021, фокусирана на вмрежување со глобални партнери и останатите стартапи. За селектираните стартапи во глобалната фаза подршката продолжува во наредните 6 месеци, фокусирана на пристап до нови пазари, во соработка со глобални партнери од Женева.
Посетете ја официјалната национална страна и аплицирајте уште денес на овој линк.