Мета најави дека во декември ќе направи одредени промени на корисничките профили.
Мета потврди дека адресата, сексуалната ориентација, политичката и верската припадност ќе бидат отстранети од профилот, а овие промени ќе стапат на сила од 1 декември. Причината за овие промени беше наведена како „полесна навигација и користење“ на социјалната мрежа. Оние кои пополниле некои од овие полиња ќе добијат известување за промената.
Другите внесени детали, како што се контактите и статусот на врската, ќе бидат задржани. Facebook овозможи преземање на копија од податоците од Facebook пред 1 декември за оние кои сакаат да ги зачуваат, а сепак ќе може да се контролира што поединечните корисници гледаат на нивниот профил.
Овој потег на Мета нема да има особено практично влијание врз користењето на Facebook освен што ќе го намали „скролувањето“ во делот „контакти и основни информации“, но може да го промени ставот кон приватноста. Фејсбук ги воведе овие делови во раните денови на социјалната мрежа кога корисниците беа повеќе подготвени да ги споделат своите почувствителни детали.
Сепак, приватноста е голема грижа денес, а Мета и посвети повеќе внимание во изминатите години и се посвети на приватни разговори и подобрување на безбедноста. Луѓето денес се помалку склони да споделуваат информации за профили во ера кога онлајн следењето и злоупотребата се премногу чести.