Прототип на флексибилен телефон, со кориснички интерфејс на Xiaomi, се појави на фотографии на почетокот на оваа година. Сега се достапни повеќе фотографии, откривајќи го задниот дел од уредот. Се сугерира дека уредот ќе биде дел од Mi Mix линијата и ќе ја имплементира опцијата за свиткување навнатре.

Фотографиите го откриваат калапот на телефонот – што значи дека нема екран. Видлив е систем со три камери, но во прашање е само резервирано место за сензори, така што конечниот дизајн може да изгледа поинаку.

Интересно е што смартфонот има Mix лого, со оглед на тоа што последниот уред од ова семејство го видовме пред повеќе од две години, а тоа беше Mi Mix 3.

Mix серијата вообичено е резервирана за телефони кои се чекор пред конвенционалниот дизајн. Останува да видиме дали уредот од фотографиите навистина ќе биде дел од споменатата серија или ќе добиеме нешто сосема поразлично од Xiaomi кога станува збор за флексибилните телефони.