Францускиот дизајнер Тиери Гауган го потпишува дизајнот на спектакуларниот „стаклен“ луксузен воз кој ќе стане реалност.

Гауган е познат по својата работа на суперјахти, меѓу кои е и јахтата Венус долга 80 метри, која му припаѓаше на легендарниот визионер на Стив Џобс. Овој пат во неговиот фокус беше концептот на луксузен воз со проѕирни ѕидови, а својот проект го нарече G Train.

Опишан како „палата на тркала“, возот ќе биде долг 400 метри и ќе се состои од 14 вагони. Секој од нив ќе биде како одвоена просторија во голема палата, а ќе содржи се, од приемна соба во центарот, простор за престој, забава, дружење па се до салон. Крилата на возот можат да се трансформираат тераса, а „тајната“ градина ќе биде наменета за опуштање на гостите.

Екстериерот на возот ќе биде направен од стакло, односно технологија која ќе ја контролира проѕирноста. Стаклената површина во внатрешноста ќе може да послужи и како екран, односно да го проектира саканиот амбиент.

Големата брзина не е во фокус, туку забавно и удобно патување.

 

Гауган вели дека возот е наменет за индивидуален купувач, а не компанија. Целиот проект чини 350 милиони долари, а за производство ќе бидат потребни две и пол години. Во возот ќе има доволно места за околу 18 гости кои ќе преспијат во него, но во случај на прием и забава ќе можат да примат многу повеќе луѓе.

Ќе биде направен за железницата во Европа и САД, а ќе може да се движи со брзина до 160 км/ч.

Во процесот на производство ќе учествуваат различни експерти, вклучувајќи го и швајцарскиот производител на возови Stadler, производителот на стакло Saint-Gobain и британската инженерска компанија Ecklersley O’Callaghan.

Возовите придонесуваат за помала емисија во однос на останатите начини на транспорт, а Гауган се надева дека неговиот воз ќе најави почеток на новиот тренд на релативно одржлив луксуз.