Facebook ја лансира својата криптовалута Libra најрано од јануари, пренесува Фајненшл тајмс повикувајќи се на три извори.

Асоцијацијата Libra со седиште во Женева ќе лансира дигитална валута поддржана од американски долари. Но, валутата ќе биде пуштена во оптек во поограничена форма поради регулаторите и централните банки ширум светот, кои стравуваат дека тоа може да ја разниша финансиската стабилност и да ја наруши нивната моќ да печатат пари.

Facebook е еден од 27-те членови во оваа Асоцијација, бара дозвола од регулаторите во Швајцарија за лансирање на серија стабилни пари поддржани од традиционални валути.

Новиот план вклучува лансирање другив крипто-валути, исто така поддржани од традиционални валути, но со подоцнежен датум.

Stablecoins имаат за цел да спречат нестабилност на криптовалутите како што е биткоинот, што во теорија ги прави попогодни за плаќања и трансфери на пари.