Врз пристаништето Риека е извршен хакерски напад.
Според Твитер, одговорноста за овој сајбер напад ја презела криминална хакерска организација наречена „8Base ransomware“.
Меѓу украдените податоци има фактури, сметководствени документи, лични податоци, потврди, договори за вработување и голем број доверливи информации и договори.
Рокот за откуп е 10 декември, а се уште не е објавено колку пари бараат напаѓачите.
🚨Cyberattack Alert ‼️
🇭🇷Croatia – Port of Rijeka
8Base ransomware group claims to have breached Port of Rijeka.
Allegedly, invoice receipts, accounting documents, personal data, certificates, employment contracts, a huge amount of confidential information, confidentiality… pic.twitter.com/Tad7LeOcsk
— HackManac (@H4ckManac) December 6, 2024
Да потсетиме, Microsoft неодамна објави во својот годишен Digital Defense извештај дека корисниците се соочуваат со неверојатни 600 милиони сајбер напади дневно поради растечките геополитички тензии во светот.
Извештајот ги опфаќа трендовите од јули 2023 до јули 2024 година, а Microsoft укажува на алармантно зголемување на сајбер нападите.
Оваа година, клучно откритие беше дека образовните и истражувачките институции станаа втор најтаргетиран сектор од страна на актери на државните закани, додека ИТ секторот остана на првото место.
Овие институции, кои обезбедуваат информации за истражување и политика, често служат како тест пред да нападнат вистински цели, покажуваат истражувањата. Според Microsoft, руските, иранските и кинеските актери ги интензивирале сајбер операциите поврзани со активните конфликти.