Новото истражување покажа дека има сѐ повеќе докази дека Венера можеби е вулкански активна.
Она што се случува на Венера е невозможно да се утврди поради густата и маглива атмосфера, меѓутоа, можно е нејзината површина да е покриена со вулкани од кои сè уште излегува лава.
Сега, благодарение на архивските набљудувања на старите орбитери и резултатите од експериментите извршени на Земјата, тим од научници верува дека вулканот Идун Монс, висок 2,5 и широк околу 200 километри, сè уште е активен и еруптира дури и денес. Сепак, научниците нема да мора долго да чекаат за да ги потврдат своите теории, бидејќи во следната деценија, мала ескадрила со мисии ќе тргне на патување до Венера со задача да открие вулканска активност.
Џастин Филиберто, истражувач од вселенскиот центар Johnson на NASA, тврди дека нема да биде изненадување доколку се потврди вулканска активност на Венера. Таа потврда би отворила многу прашања. Можеби Венера некогаш имала океани, а денес е пустелија со густа и кисела атмосфера и топла површина што може да раствори олово.
Водечкото објаснување за трансформацијата на Венера се вулканските ерупции кои довеле до неповратни климатски промени. Проучувањето на вулканот одблиску ќе ни помогне да разбереме зошто Земјата не доживела слична еруптивна апокалипса. Изумрените вулкани би дале некои индиции, но вулканите многу полесно може да се разберат доколку се набљудуваат додека се активни.
Засега нема директни докази за вулканска активност на Земјата, но има индиректни докази како што е високата концентрација на сулфур диоксид, карактеристичен вулкански гас.
Површината на Венера содржи зони на тектонски пукнатини, кои се жаришта на вулканска активност на Земјата, како и вулкански карактеристики слични на котел.
Новото истражување нуди докази кои сугерираат дека огненото срце на Идун Монс продолжува да „бие“.
Европскиот орбитер Venus Express, кој орбитираше околу Венера помеѓу 2006 и 2014 година, откри наслаги од лава, вклучувајќи ги и оние во областа Идун Монс, кои зрачеле инфрацрвени зраци.
Корозивната атмосфера на Венера брзо ги уништува вулканските минерали со придушување на инфрацрвениот сјај, па се сметаше дека интензивните термални емисии ја претставуваат лавата што еруптирала пред 250.000 години. Сепак, новите експерименти покажаа дека вулканските минерали „печени“ под атмосферата на Венера се распаднале побрзо отколку што се верувало, односно по ерупцијата што се случила пред 1.000 години.
Исто така, ветрот во областа Идун Монс не се совпаѓа со топографијата на вулканите, така што ова може да се должи на зголемувањето на турбуленцијата над вулканот од растопената карпа.
Сите сомнежи на научниците треба да ги потврдат идните мисии, односно мисиите на НАСА VERITAS и DAVINCI +, како што е европската сонда EnVision.
Извор: Klix.ba