Педесет и три сателити од Русија и од странско производство беа успешно лансирани рано утринава од космодромот „Восточни“ во областа Амур на рускиот Далечен Исток, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“.
Во соопштението се наведува дека ова е рекорд и дека во орбитата успешно се лансирани 49 руски, еден руско-кинески, еден руско-зимбабвиски и два ирански сателита, пренесе ТАСС.
Амбасадорот на Иран во Москва, Казем Џалали, во понеделникот објави дека Русија денеска ќе лансира два ирански сателита во орбитата со помош на ракета „Сојуз“.