Swift линијата на Acer на лаптопи се состои од тенки и лесни модели, кои нудат респектабилни перформанси. Сега компанијата го претстави Swift X, кој го задржува хармоничниот дизајн, но спроведува имплементира помоќен хардвер.

Лаптопот користи AMD Ryzen 5000U процесори и графичка картичка Nvidia GeForce RTX 3050 Ti, заедно со 16 GB RAM меморија. Swift X има 14-инчен FHD IPS дисплеј, со осветлување од 300 нита и 100% покриеност на sRGB спектарот на бои.

Уредот може да се конфигурира со до 16 GB RAM меморија и 2TB SSD простор за складирање. Бидејќи станува збор за бизнис лаптоп, можете да очекувате „blue light shield“ над дисплејот, а тука е и Windows Hello компатибилниот читач на отпечатоци од прсти и батерија од 59Wh, која ветува до 14 часа работа.

Acer Swift X ќе се најде во продажба од јуни, по почетна цена од 900 долари.