Американската компанија Amazon постигна договор за набавка на 380 мегавати енергија од „Холандсе курст норд“ – ветерна електрана на крајбрежјето на Холандија.
Ветерната електрана ја раководи „Кросвинд”, конзорциум на „Ројал дач шел“ и „Eнeкa“ и сопственост на јапонскиот „Мицубиши“. Според Amazon, овој проект наречен „Амазон-Шел ХКН“, е нивниот „најголем проект за обновлива енергија“ на едно место.
Се очекува дека ветерниот парк ќе проработи до 2023 година, со инсталиран капацитет од 759 мегавати. Најавата говори дека Amazon ќе купува 20 отсто од вкупната моќност, почнувајќи од 2024 година за своите потреби во Европа.
Со овој проект, Amazon е чекор поблизу до целта да стане компанија со 100 отсто обновлива енергија до 2025 година. Amazon во 2020 година стана најголемиот корпоративен купувач на обновлива енергија, најавувајќи 127 проекти во областа на соларната и ветерна енергија од 6,5 гигавати до 10 декември 2020 година.