Претходно оваа недела беше објавен AGON by AOC, кој претставува гејмерски бренд на AOC и вклучува монитори, периферни уреди и други гејминг уреди. AOC сега ги најави првите AGON by AOC дисплеи, почнувајќи со два 49-инчни монитори, со суперширок сооднос од 32:9.

Новите монитори се 49-инчниот AG493UCX2 и 49-инчниот AG493QCX, кои припаѓаат на гејминг класата, со тоа што првиот модел има побрзи стапки на освежување и повисока резолуција.

AGON AG493UCX2 е опремен со 32:9 VA панел, има дизајн без рамки и 1800R закривеност. Панелот ветува резолуција 5120 x 1440p, 165Hz стапка на освежување, DisplayHDR 400 сертификат и 1ms MPRT одзив за оптимални гејминг перформанси. Има и KVM свич, USB-C конекција со поддршка за полнење и можност за поврзување до два системи на мониторот, односно полнење на лаптоп или телефон преку USB-C порт.

AGON AG493QCX е малку поинаков, а нуди 3840 x 1080p резолуција за VA панелот, 144Hz стапка на освежување, 1ms MPRT одзив и DisplayHDR 400 сертификат. Мониторот има и Adaptive-Sync, USB-C, 2x HDMI 2.0 и 2x DisplayPort 1.2, како и 3-порта USB-хаб и два 5W звучника.

Двата гејминг монитори AGON by AOC ќе бидат достапни во продажба од септември.