Компанијата AOC ја претстави новата V4 линија монитори, која овозможува QHD и UHD резолуции преку панели од 23,8 инчи (60,5 см), 27 инчи (68,6 см) и до 31,5 инчи (80 см).
Мониторите ги карактеризира дизајн без рамки од трите страни, IPS панели, 75Hz освежување на QHD моделите, Adaptive-Sync поддршка и друго.
Сите четири нови дисплеи од AOC V4 серијата имаат QHD (2560 x 1440) или 4K/UHD (3840 x 2160) рамни IPS панели и се идеални за деловна употреба, цртање, графички дизајн и обработка на фотографии.
Моделот U27V4EA користи 27-инчен 4K Ultra HD панел со осветлување од 350 нита. Одзивот е 4ms GtG, додека Adaptive-Sync поддршката го намалува треперењето и цепењето на екранот, што овој модел го прави одлична 4К опција монитор и за обични игри.
Моделите Q24V4EA (23,8 инчи), Q27V4EA (27″) и Q32V4 (31,5″) имаат IPS панели со QHD резолуција (2560 x 1440). Ги карактеризира освежување од 75Hz и 4ms GtG одзив. За да се намали заморот на очите, тука е Low Blue Light режимот и FlickerFree технологијата.
Мониторите AOC Q24V4EA, Q27V4EA, Q32V4 и U27V4EA од V4 сериjata ќе се најдат во продажба од април.