Додека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max се продаваат како луди, побарувачката за моделот iPhone 14 Plus продолжува да се намалува.
По слабата претпродажба, намалувањето на производството, стигна веста дека има пад на испораката на панели за iPhone 14 Plus.
Според аналитичарот Рос Јанг, 75% од панелите испорачани во декември биле за моделите на iPhone 14 Pro (кој исто така учествува со 75% од продажбата), а се очекува да достигне најмалку 80 проценти во наредната година.
Од друга страна, не е тешко да се забележи дека во декември 2022 година и јануари 2023 година, испораката на панелите на iPhone 14 Plus практично не постоеше. Имаше дури и мало зголемување на испораките на моделот iPhone 14, но не доволно за да се покријат дупките направени од моделот Plus.
Испораките на панелите на iPhone 14 Plus би можеле да продолжат во февруари, но тие сепак ќе сочинуваат помалку од 5% од вкупните испораки.
Кога ќе се земе предвид сето горенаведено, се поставува прашањето, дали воопшто има смисла да се произведува iPhone 15 Plus кога побарувачката за моделот iPhone 14 Plus е многу полоша од очекуваното? Дали Apple ќе го отстрани од својата понуда? Наводно, тоа нема да се случи.
Apple планира да го претстави iPhone 15 Plus, но се шпекулира дека ќе го понуди по нешто пониска цена, а во исто време ќе ја подигне цената на Pro моделот.