Bloomberg објави дека компанијата Apple наводно има за цел да објави сопствен автономен автомобил во 2025 година. Инженерите работата ја започнале уште од 2014 година, преку истражувачката програма project Titan, но, во меѓувреме прекинале со развојот. Тие се откажале од работата на својот електричен автомобил, посветувајќи се на развојот на софтверот за автономно возење.
Се појави информација дека ИТ гигантот преговара и со тајванскиот производител на полупроводници TMSC. Желбата за соработка е мотивирана од технолошките решенија на Тајванците неопходни во производството на чип кој овозможува автономно возење.
Тамошните медиуми објавија дека двете компании се блиску до договор за соработка и дека Apple сепак ќе произведува автономни возила. Снимката која деновиве се појави на интернет, покажува дека првиот Apple автомобил потсетува на оној на Tesla Cybertruck.
Во Америка на големо се зборува за автомобилите на Apple, кои се движат низ улиците на Калифорнија за тестирања. На официјалната страна на компанијата Vanaram, која се занимава со лизинг на автомобили, објавена е 3Д снимка од електричен автомобил кој би требало да го понесе логото на Apple. Станува збор за елегантен бел SUV-u, а препознатливата јаболка ги краси решетките и тркалата.
Електричниот автомобил на снимката со својот дизајн многу потсетува на оној на Tesla, Cybertruck. Острите краеви, едноставната надворешност, хаубата, фаровите, својствени за возилата, го прават Cybertruck препознатлив во светот по електричните автомобили.
Фановите на компанијата веруваат дека Apple со елегантни решенија на екстериерот ќе ја избегне сличноста со конкурентите и ќе ги освои срцата на љубителите на електрични автомобили, кои не ги сакаат милениците на Маск во својата гаража.