Одреден број на корисници на iPhone 11 забележаа дека нивните уреди одвреме навреме може да дојде до проблеми со екранот. Тие се манифестираат преку престанок на работата на панелот осетлив на допир, па дисплејот може да стане неупотреблив, односно дека нема да реагира на допирот на прстот. Apple потврди дека причина за тој проблем е грешката во производството, и дека ги зафаќа исклучиво iPhone 11 уредите од ноември 2019 до мај 2020. година.
Во случај да имате таков проблем, односно вашиот iPhone да е купен некогаш во овој период и да има потешкотии со екранот, неговиот сериски број можете да го запишете на ова место и да проверите дали имате право на замена. Ако преку серискиот број се утврди дека имате право да добиете бесплатна замена на екранот, Apple ќе ве упати до најблискиот овластен сервисер.
Програмата на бесплатна замена на екранот се однесува исклучиво на моделот iPhone 11 во наведениот период, а важи и за Македонија. Со замена на екранот не се продолжува фабричката гаранција, а предноста на бесплатна замена на екранот може да се искористи во период од две години од купувањето на уредот.