Компанијата од Купертино, исто така, имплементираше нов мрежен чип во таблетот, кој дебитираше минатата година.
Apple го претстави најновиот iPad Air, и без некои поголеми изненадувања, тоа е повеќе или помалку истиот модел на таблет што беше објавен пред една година, со додавање на помоќен M4 чип, наместо минатогодишниот M3.
Таблетот, исто така, ги добива мрежните чипови N1 и C1X на Apple, кои покриваат Wi-Fi, Bluetooth, Thread и мобилна поврзаност. Ова значи дека iPad Air за прв пат го поддржува Wi-Fi 7 стандардот.
Новиот таблет Air сега има и 12GB RAM како стандардна меморија, наместо 8GB, како што имаше претходниот модел.
Apple iPad Air (M4) has launched globally.
Specs:
Apple M4
11″ (2360×1640 pixels)/13″ (2732×2048 pixels) IPS 📱
12MP rear 📷
12MP 🤳
28.93Wh/36.59Wh 🔋
20W 🔌
🛜 7
Bluetooth 6
iPadOS 26Colours:
Blue
Purple
Space Grey
StarlightPrices:
+ 11″:
🛜:
• 12/128GB: EUR 649/GBP… pic.twitter.com/b5BiAEQRYl— Techolum (@techolum) March 3, 2026
Останатите спецификации за новиот iPad Air се чини дека се непроменети. Има ист дисплеј од моделите од 2023 и 2024 година: 11-инчни и 13-инчни LCD екрани, со 500 нити осветленост и брзина на освежување од 60Hz.
Опциите за складирање почнуваат од 128GB и одат до 1TB. Исто така, постои конфигурација со два стерео звучници, како и една камера на предната и една на задната страна.
iPad Air M4 користи iPadOS 26, а овој оперативен систем носи поробусен систем за мултитаскинг.
Apple го пушту својот нов iPad Air M4 во претпродажба од 4 март, а во продавниците ќе биде достапен од 11 март. Цената за моделот од 11 инчи е 599 долари, додека моделот со екран од 13 инчи чини 799 долари.






