Законот за дигитални пазари (DMA) на Европската унија им забранува на Apple и другите технолошки гиганти да ги фаворизираат сопствените системи и платформи.
Google и мобилните оператори од Европа сега се повикуваат на Законот за дигитални пазари (DMA), кој ќе стапи на сила во 2024 година, за да го принудат Apple да ги промени своите практики.
Европската комисија истражува дали услугата Apple iMessage моментално ги прекршува правилата на DMA. Apple истакнува дека iMessage е мал во споредба со другите услуги за пораки и дека е ирелевантен за гореспоменатиот закон.
Сепак, во писмото од претставниците на Google, Vodafone и Orange се истакнува дека iMessage треба да биде дел од законот бидејќи неговото „подобрено“ искуство е достапно само за корисниците на Apple.
Доколку борбата против Apple биде успешна, промените кои би ги донел iMessage би можеле да бидат најновата промена која Европската комисија и ја наметна на компанијата од Купертино. Пред ова, iPhone 15 го отфрли Lightning портот и го замени со USB-C порта.